Линкови за пристапност

Претседателот Трамп го потпиша Законот за повторно отворање на владата


Федералната влада беше затворена по полноќ, кога Конгресот го пропушти рокот за донесување на буџетот, но во раните утрински часови, ситуацијата се промени

Претседателот на САД, Доналд Трамп го потпиша законот со кој се става крај на краткотрајното затворање на американската влада, и се зголемува буџетот за армијата и домашните програми за стотици милијарди долари.

„Само што го потпишав Законот“ напиша Трамп на Твитер „Нашата армија ќе биде посилна од кога и да било порано. Ние ја сакаме армијата, и таа ни е потребна, затоа им даваме се што им треба - и повеќе од тоа. Ова се случува прв пат по долго време. Тоа исто така значи работни места.“

Претставничкиот дом ја усвои својата верзија за двогодишен буџетски договор, што ќе обезбеди финансирање на одбраната и на домашните програми, по барање на спикерот на Домот.

„Републиканците ќе испорачаат и повеќе од очекуваното утринава. Ги повикувам моите пријатели од малцинството да не` поддржат во овој двопартиски предлог“, рече Пол Рајан.

„Ова беше многу долга ноќ, а немаше потреба од тоа. Ние не треба секоја криза да ја носиме до крајна граница. Бидејќи вие го контролирате секое ниво на власта во оваа влада, не успеавте да ги исполните основните обврски - да ја раководите оваа влада на разумен и интелигентен начин“, рече демократката во Претставничкиот дом Луиз Слотер, од Њујорк.

Со 240 гласови „за“ и 186 „против“, во Претставничкиот дом беше усвоена легислативата откако неколку часа претходно Сенатот ја изгласа со 71 наспроти 28 гласови, со широка двопартиска поддршка.

Владата на САД беше затворена по полноќ, кога Конгресот пропушти краен рок за обновување за средствата на федералната влада.

Затворањето во петокот беше второ делумно затворање за помалку од еден месец. Новата резолуција ја финансира владата до 23-ти март.​

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG