Линкови за пристапност

Двајца конгресмени на САД заразени со коронавирус


Законодавците од Флорида и Јута учествувале на гласањето во Претставничкиот дом минатиот петок

Двајца конгресмени на САД објавија дека се позитивни на коронавирусот. Републиканскиот претставник од Флорида Марио Диас-Баларт, и демократот од Јута Бен Мекадамс, потврдија дека се заразени.

Двајцата конгресмени учествувале при гласањето во Претставнкичкиот дом изминатиот петок.

Оваа вест принуди уште неколку членови на Конгресот сами да се изолираат, како и да го повикаат водечкото законодавно тело во државата итно да го модернизира застарениот систем на извршување на нивната работа.

Најголемата пречка за промена на долгогодишните правила во Сенатот и Претставничкиот дом, е тоа што членовите мора да бидат физички присутни за да гласаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG