Линкови за пристапност

Членовите на Кабинетот на Бајден ќе го следат говорот од дома


Белата куќа нагласи дека нема да ги има ниту традиционалните специјални гости кои обично седат до првата дама

Денешната публика во Конгресот која ќе присуствува на обраќањето на претседателот Џо Бајден ќе биде многу ограничена. Врховниот судија Џон Робертс се очекува да биде единствениот судија кој ќе присутвува, а Белата куќа нагласи дека нема да има ниту традиционални специјални гости кои ќе седат до првата дама. Членовите на Кабинетот, исто така, ќе го гледаат говорот од дома.

Ќе има огромно обезбедување, како и ограда околу Капитол, откако се случија нападите на Конгресот на 6-ти јануари од страна на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Обично, претседателскиот говор вклучува публика од 535 членови на Претставничкиот дом и Сенатот, потпретседателот, членови на Кабинетот, судии на Врховниот суд, членови на дипломатските претставништва, бројни специјални гости кои седат до првата дама, од кои некои претседателот ги спомнува и во говорот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG