Членовите на Претставничкиот дом во среда навечер гласаа 245 спрема189 во корист на укинување на законот. Републиканските претставници беа едногласни во одобрување на мерката за укинување , додека сите освен тројца демократи гласаа против.
Сепак, гласањето е во голема мерка симболично, зашто укинувањето нема шанса да помине во Сенатот што е под контрола на Демократската партија. Освен тоа, претседателот Обама вети дека ќе стави вето ако предлог-законот воопшто некогаш стигне на негова маса.