Линкови за пристапност

Новиот Конгрес се очекува да ја ревидира помошта за странство и меѓународните програми

Делумните избори на Републиканската партија и` донесоа мнозинство во Претставничкиот дом и потенцијален предизвик на приодот на администрацијата на Обама во областа на надворешната политика со оглед на фокусот на републиканските лидери на намалување на буџетскиот дефицит.

Голем број политички аналитичри го изнесуваат своето мислење за тоа што да се очекува кога републиканците ќе го преземат претседателствувањето со комисиите.

Еден од нив е Брет Д. Шефер од Фондацијата Херитиџ. Тој гледа намалување во дискреционите трошоци – програми каде трошоците не се задолжителни, туку се одредувани секоја година од Конгресот.

Шефер вели дека многумина очекуваат намалувањата да дојдат во буџетите на програми и групи – вклучувајќи го ОН и американскиот Стејт департмент – каде нема голема домашна поддршка за нивна одбрана.

„Поконзервативниот Претставнички дом ќе го преиспита финансирањето на помошта за странство и воопшто на меѓународните програми, зашто тие во минатото се покажале поскептични и покритични за тие типови на програми отколку што се традиционално демократите“, вели Шефер.

Можни намалувања може да дојдат и од поткомисијата за државни и странски операции во претставничкиот дом, што го одредува финансирањето за Стејт департмент, УСАИД и програмите што инволвираат странска и хуманитарна помош.

Претседател на поткомисијата треба да стане Кеј Гренџер од Тексас. Весникот Вашингтон тајмс вели дека тој е голем поборник на амандман за балансиран буџет и критичар на помошта за развој што оди во земји за кои вели дека не направиле доволно за контрола на корупцијата.

Новото републиканско мнозинство исто така се очекува да го практикува своето право на надзор, што им дозволува да ја преиспитуваат политиката на администрацијата на Обама.

Членот на Конгресот Илеана Рос-Летинен ќе стане претседател на Комисијата за односи со странство на Претставничкиот дом.

Таа е силен поддржувач на политиката на претседателот Обама за „наплив“ на трупи во Авганистан и силно спроведување на санкциите спрема Иран. Таа исто така е силен поддржувач на човековите права во Кина и Русија и е критична за напорите на администрацијата да релаксира делови од американското ембарго спрема Куба. Понатаму, таа не се согласува со одлуката на администрацијата да се приклучи повторно на Советот за човекови права на ОН и ја поддржува легислативата за намалување на финансиската поддршка за меѓународното тело.

Потпретседателот на националната Комисија за американска надворешна политика Ј. Питер Фам ја следи помошта за развој. Фам забележува дека калифорнискиот конгресмен Ед Ројс е на линија да стане претседател на Поткомисијата за односи со странство и тероризам, непролиферација и трговија на Претставничкиот дом. Ројс е и поранешен претседател на Поткомисијата за Африка и глобално здравје на Претставничкиот дом.

Фам вели дека Ројс најверојатно ќе ја употреби комисијата за оценка на однесувањето на државите кои добиваат пари од Корпорацијата за милениумски предизвик. Според Фам, некои велат дека во самата корпорација некои отстапиле од стриктните стандарди и некои држави членки не ја почитуваат американската надворешна политика.

Фам вели дека со исклучок на некои горливи прашања како војните во Ирак и Авганистан американската политика е, како што рече, двопартиска, и тој очекува така и да остане, со еден разлика – републиканците ќе го зголемат надзорот.

Без тоа, одобрувањето на програмите е рутинска работа. Но сега, конзервативците ќе ја почитуваат спротивната порака од електоратот – дека треба да има стегање на коланот.

XS
SM
MD
LG