На првиот ден од преземањето на функцијата, новиот претседател на Демократската Република Конго Феликс Тшисекеди повика на обединетост.
Со вчерашната заклетва се одбележа првиот мирен трансфер на власта во историјата на државата.
Поранешниот лидер на опозицијата Феликс Тшисекеди е син на долгогодишниот опозициски лидер, Етиен Тшисекеди.
Феликс Тшисекеди ја презеде функцијата од Џозеф Кабила, кој раководеше со Конго 18 години. Кабила остана на функцијата две години по истекувањето на мандатот, затоа што изборната комисија не можеше да организира избори.