Двa од четири експериментални лекови што се користат за лекување на ебола во Демократска Република Конго биле толку ефикасни што ќе им бидат дадени на сите пациенти.
Стапката на смртност кај лековите познати како REGN-EB3 и mAb-114 е помала од 11%, споредено со 33% со другите два лекови кои што се испитуваат.
Светската здравствена организација се надева дека вестите за ниските стапки на смртност ќе ги охрабрат луѓето да бараат третман на болеста уште во рана фаза.
Годинава од ебола во Конго починаа повеќе од 1.800 луѓе.
Лекувањето на еболата е предизвик за властите во Конго заради постојаните граѓански судири и затоа што многу луѓе не веруваат дека еболата е вистинска болест и избираат да останат дома кога се болни, што предизвикува ширење на вирусот.
Facebook Forum