Претставничкиот дом се очекува да гласа во четврток за за новата легислатива што ќе скрати близу 40 милијарди од американскиот буџет за годината.
Белата куќа и законодавците од двете партии постигнаа компромисен буџетски договор доцна во петокот, за малку избегнувајќи затворање на владата.
Оваа легислатива се очекува да мине во двата дома на Конгресот, но поголема битка во врска со долгорочните трошоци допрва почнува.
Во средата претседателот Обама презентираше план за скратување четири трилиони од националниот дефицит во наредните 12 години. Неговиот предлог вклучува скратување на домашните трошоци и реформирање на програмите за постарите и сиромашните.
Тој исто така рече дека нема да ги обнови даночните олеснувања за најбогатите Американци.
Но републиканскиот спикер на Претставничкиот дом Џон Бенер се противи на секоја мерка што ќе ги зголеми даноците. Републиканците го изнесоа нивниот план за намалување на дефицитот со правење подлабоки скратувања на федералните трошоци.