Линкови за пристапност

Коми смета дека Трамп е „морално непогоден“ за претседател


Поранешниот директор на ФБИ го објаснува ова во неговата книга, која треба да биде објавена утре

Поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, вели дека Доналд Трамп, е „морално непогоден“ да биде претседател на САД, и оти поседува „одредени докази“ дека Трамп ја попречувал правдата.

Коми ова го изјави во ексклузивно интервју за Еј-Би-Си, вчеравечер во пресрет на објавување на книгата.

Тој вели дека во книгата делумно ја раскажува неговата улога во истрагата за наводното руско влијание во изборите во САД во 2016-та година, користењето на приватниот сервер за електронска пошта на тогашната претседателска демократска кандидатка Хилари Клинтон, како и за приватните разговори на Коми со Трамп, пред да биде отпуштен минатата година.

Трамп, пред интервјуто на Коми, на неговиот Твитер профил напиша.

„Неверојатно, Џејмс Коми вели дека анкетите, каде што водеше Хилари, биле фактор како тој ја раководел глупавата истрага за Клинтон. Со други зборови, тој донесувал одлуки врз основа на фактот дека мислел дека Хилари ќе победи, и сакал да си ја задржи работата“, напиша Трамп, додавајќи: „ќе биде запаметен како најлош директор на ФБИ во историјата“.

Во книгата, Коми го споредува Трамп со „шеф на мафија“, нарекувајќи го неговото претседателство како „шумски пожар“.

Книгата на Коми треба да биде објавена утре, и веќе се искачи на врвот на листата бестселери во предпродажба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG