Линкови за пристапност

Коми ја „прекршил“ политиката на Одделот за правда поради објавување класифицирани информации


Извештајот, што денес го објави генералниот инспектор, вели дека Коми ги задржал белешките од неговите лични контакти со Трамп без авторизација

Поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми ги „прекршил“ политиката на Одделот за правда и неговиот договор за работа, поради лиферување доверливи информации за неговите контакти со претседателот на САД Доналд Трамп, кусо откако бил отпуштен од работа во 2017-та година, соопшти денес Одделот за правда.

Една од белешките за личните состаноци на Коми со Трамп, за време на првите четири месеци на неговата админситрација, покажува како Трамп побарал од него да ја прекине истрагата за поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин.

Извештајот објавен на 83 страници, вели дека Коми ги задржал овие документи без авторизација, и оти тие содржеле информации за истрагата на ФБИ за Флин.

„Со незаштитување на чувствителни информации обезбедени за време на неговиот работен однос во ФБИ, и со нивно користење за вршење јавен притисок, Коми постави опасен пример за 35.000 вработени во ФБИ, како и поранешни вработени“, изјави генералниот инспектор Мајкл Хорoвиц.

Коми го одбрани неговото објавување на документите минатата година, објавувајќи мемоари, нагласувајќи дека тие не биле класифицирани, и оти приватни граѓани можат да споделуваат информации со медиумите.

Наводниот повик на Трамп за прекин на истрагата за Флин беше истражуван и од специјалниот советник Роберт Мулер.

Хорoвиц, претходно ги достави неговите докази во Одделот за правда, но, тој одби да покрене обвинение поради недостиг на докази дека Коми свесно објавил класифицирани информации, спротивно на законите.

Извештајот што генералниот инспектор го обајви минатата година, пак, го критикуваше Коми за истрагата за електронските пораки на Хилари Клинтон за време на претседателската кампања во 2016-та година, но, кажа дека истражителите не нашле докази оти постапувањето на Коми било политички мотивирано.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG