Линкови за пристапност

Само во Америка: Кристофер Колумбо и Леиф Ериксон


На 8 октомври ќе биде одбележан Денот на Колумбо, но што е со Денот на Леиф Ериксон?

Следниот понеделник е Денот на Колумбо во САД. Тој го комеморира пристигнувањето на истражувачот Кристофер Колумбо од Џенова во Америка во 1492 во името на кралот и кралицата на Шпанија. Тоа не е некоја вест за милиони вработени во федерални и државни владини установи, од кои поголем дел го имаат денот како платен легален празник.

Тоа што можеби би било вест за нив и за поголем дел од Американците е фактот што денот потоа, вторник, 9-ти октомври, е исто така ден назначен од претседателот во чест на човекот кој навистина бил првиот Европеец кој стапнал на северноамериканска почва.

Неговото име е Леиф Ериксон. Тој беше син на Ерик Црвениот, истражувач од Норвешка кој ја формирал првата нордиска колонија на северноамериканскиот остров Гренленд.

Леиф отишол по стапките на татко му, и според некои извори, околу годината 1000-та тој започнал патување кон запад, со намера да го претстави христијанството на домородците во Гренланд.

Но ветровите го одувале и негивиот екипаж го минал Гренланд. Стигнале до место наречено Винланд, на, што е сега, врвот на канадската провинција Њуфаундленд. Тие ја минале зимата таму и во текот на годините археолозите откриле многу остатоци од нивниот престој.

Исто како што Италијанските-Американци го слават нивното потекло на Денот на Колумбо, луѓето од скандинавско потекло го слават Денот на Леиф Ериксон во седум американски држави и канадската провинција Саскачеван, каде илјадници се населиле по имигрирање од нордиските држави.

Но 9-ти октомври нема директна врска со Леиф Ериксон. Датумот е избран бидејќи било 9-ти октомври, 1825, кога норвешкиот брод Реставрација пристанал на Њијоршкото пристаниште. Меѓу неговите патници: првите норвешки имигранти регрутирани да работат на фармите на американскиот среден запад.
XS
SM
MD
LG