САД денес го слават Денот на Колумбо - федерален празник кој ја одбележува годишнината од пристигнувањето на морепловецот Кристофер Колумбо во Северна и Јужна Америка.
Овој празник буди чувство на гнев кај домородните Американци, кои веруваат дека на овој начин се напушта грижата за убиствата и експлоатацијата на домородните луѓе во западната хемисфера од страна на шпанските трагачи по богатство.
И во најголемиот американски град именуван по овој морепловец Колумбус, Охајо денес не се слави, додека тамошните власти најавија дека градот ќе празнува на 12-ти ноември, Денот на ветераните.
Денот на Колумбо со години наназад предизвикува реакции во поголем број градови во САД, кои сакаат да го заменат со празник во чест на домородните Американци.
Лос Анџелес гласаше за укинување на прославата на „геноцидот на домородните народи“, како и неколку други сојузни држави кои, исто така, го заменија празникот со други прослави во чест на домородните народи.
Колумбо е италијански истражувач кој пловел под шпанско знаме, и предводел четири експедиции до Новиот свет, но, никогаш не ја остварил неговата првична цел да пронајде рута од западната страна на океанот до Азија.
Наместо тоа, Колумбо најави нова ера во светската историја отварајќи ги Северна и Јужна Америка за натамошно истражување.
Денот на Колумбо стана национален празник во САД во 1971-та година.
Facebook Forum