Линкови за пристапност

Зошто домородните Американци не го сакаат Денот на Колумбо?


Активисти велат дека со прославата не се води грижа за фактот дека биле убиени и експлоатирани илјадници домородни Американци

„Во1492, Колумбо испловил кон океанот..“ генерации американски ученици ја кажуваат оваа поема за време на прославата на вториот понеделник во октомври, кога се одбележува Денот на Колумбо, федерален празник посветен на „откривањето“ на Америка од страна на Кристофер Колумбо.

Но денот буди тажни чувства и гнев кај домородните Американци, кои велат дека со тоа не се води грижа за убиствата и експлоатацијата на домородните луѓе во западната хемисфера од страна на шпанските трагачи по богатство.

Со текот на вековите Колумбо постигна митски статус, но многу од приказните за овој истражувач се невистинити.

Историчарите покажаа дека тој најверојатно потекнува од североисточна Шпанија, а не од Италија.

Се вели дека тој бил човекот кој на Европа и покажал дека земјата е тркалезна, а не рамна. Како што се покажа подоцна, овој факт бил познат векови порано од страна на античките Грци, Римјаните и Арапите, а тоа го знаеле и образованите Европејци.

И најдолготрајниот мит од сите, дека Колумбо ја открил Америка, континент кој бил населен илјадници години претходно. Тој не бил ни првиот Европеец кој стасал во Северна Америка. Нордискиот истражувач Леиф Ериксон најверојатно стасал на континентот речиси 500 години претходно.

„Колумбо и неговите луѓе убивале домородни Американци за злато, сечејќи им ги рацете ако не најдат злато во рудниците.“ вели авторот и новинар во „Мохавк“ Винсент Шилинг во писмена изјава. „Тој во Шпанија бил вратен во окови, и се му било простено“.

Денес, се` поголем број на градови низ САД сакаат да го заменат Денот на Колумбо со празник во чест на домородните Американци. Лос Анџелес во август гласаше за „укинување на прославата на геноцидот над домородните народи која е спонзорирана од државата“.

Неколку држави, исто така го отфрлија Денот на Колумбо, заменувајќи го со различни прослави посветени на домородните Американци.

Движењето постои веќе 40 години, но тоа не е без контроверзи.

„Кристофер Колумбо не бил светец", вели Џастин Хаскинс, соработник во Институтот Хартленд, конзервативна истражувачка организација од Чикаго, но додава дека никој не може да оспори дека неговото патување засекогаш ја променило историјата на западната цивилизација.

Многу италијански Американци, исто така, не сакаат празникот да биде укинат. Нивните предци, од кои повеќето емигрирале во Америка кон крајот на 19 и почетокот на 20 век се соочиле со дискриминација и експлоатација, и го прифатиле Колумбо како симбол на италијанско -американското наследство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG