Линкови за пристапност

САД првпат ги празнуваат Денот на Колумбо и Денот на домородните лица заедно


Денес ја признаваме болната историја на грешки и суровост кои многу европски истражувачи им ги нанеле на домородните заедници, рече претседателот Џо Бајден

САД денес го слават Денот на Колумбо - федерален празник кој ја одбележува годишнината од пристигнувањето на морепловецот Кристофер Колумбо во Северна и Јужна Америка.

Овој празник буди чувство на гнев кај домородните Американци, кои веруваат дека на овој начин се напушта грижата за убиствата и експлоатацијата на домородните луѓе во западната хемисфера од страна на шпанските трагачи по богатство.

Сепак, претседателот на САД Џо Бајден минатата недела ја потпиша првата претседателска прокламација овој ден да се празнува и како Денот на домородните луѓе.

„Денес ја признаваме болната историја на грешки и суровост кои многу европски истражувачи им ги нанеле на домородните заедници“, рече меѓудругото претседателот Џо Бајден.

Денес се враќаат и парадите во Њујорк и Чикаго, кои беа прекинати минатата година поради пандемијата на ковид-19.

Колумбо е италијански истражувач кој пловел под шпанско знаме, и предводел четири експедиции до Новиот свет, но, никогаш не ја остварил неговата првична цел да пронајде рута од западната страна на океанот до Азија.

Наместо тоа, Колумбо најави нова ера во светската историја отварајќи ги Северна и Јужна Америка за натамошно истражување.

Денот на Колумбо стана национален празник во САД во 1971-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG