Линкови за пристапност

Рамадани: власта ги апси демонстрантите оти се плаши од нив


Претседателот на Евроатлантскиот совет, за Гласот на Америка, анализира што значи зачестеното приведување на „револуционерите“

Турбoлентната ноќ во Скопје резултираше со ново приведување и брзо ослободување на членови на Шарената револуција. Актерката Симона Спировска и активистот Павле Богоевски кои, како што изјавуваа очевидци, спектакуларно биле уапсени од полициски алфи, излегоа од станица со прекршочни пријави поради шарање на Министерството за правда.

Што значи зачестеното приведување на „револуционерите“ кои 80-ти ден протестираат заради исполнување на нивните барања во чија основа се создавање на услови за фер и демократски избори и непречено функционирање на Специјалното обвинителство?

„Страв на власта од демонстрантите“, одговари за Гласот на Америка Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет, добар познавач на состојбите во државата.

„Сега ние веќе имаме ситуација кога власта се плаши и затоа прави ирациоанлни потези со притворање и апсење, сето тоа е од страв. Тие знаат дека тоа нема многу да им помогне и со тоа се постигнува само поголем ефект на бунтување против власта“, изјави Рамадани.

Тој вели дека се оригинални, инвентивни во користењето на алатките што им се на располагање, меѓу кои и социјалните мрежи, енергични и затоа е сигурен дека без Шарената револуција антвладиното движење многу тешко ќе добиело на масовност.

Рамадани е свесен за дел од критиките за бавно одвивање на на промените, но нив, како што вели, ги има.

Набројува сигнали на попуштање на власта пред налетот на бранот протести.

„Тоа попуштање се гледа во самата врхушка на таа криминална власт има промени, ретерирање во однос на тоа што значи државна или политичка функција, оставките, нивното појавување пред судските органи. Тие секојдневно губат, а граѓаните кои не се согласуваат со ваквото владеење добиваат на сила“, рече Рамадани.

„Револуционерите“, по безмалку три месеци протести, најавуваат дека продолжуваат и дека се вклучуваат во решавањето на политичката криза која почна по изборите 2014-та.

XS
SM
MD
LG