Линкови за пристапност

Колорадо ќе ја укине смртната казна


Новиот закон ќе стапи во сила во јули, и ќе се однесува за нови кривични дела

Колорадо ќе биде 22 сојузна држава во САД да ја укине смртната казна.

Законодавците дадоа крајно одобрување за законот, кој предвидува да се стопира оваа мерка. Гуверенерот најави дека ќе го потпише законското решение.

Колорадо има три лица осудени на смртна казна, но, новиот закон нема да ги опафти нив. Тој ќе стапи во сила во јули, и ќе се однесува за нови кривични дела.

Последната егзекуција во оваа држава е направена во 1997 година, додека на национално ниво оваа година извршени се четири егзекуции.

Минатата година и сојзуната држава Њу Хемпшир ја укина смртната казна, а гувернерот на Калифорнија изјави дека нема да има смртна казна додека тој е на функција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG