Линкови за пристапност

Боенки за возрасни - голем бизнис и ослободување од стрес


Идејата била да се поттикне креативноста кај возрасните, но овие книги се купуваат и од други причини.

Боењето со креони или моливи во боја обично се смета за активност за деца. Тие на тој начин почнуваат да распознаваат бои, да се изразуваат и да развиваат моторни вештини. Може да биде и релаксирачка активност, но тоа кај децата не е толку изразено. Во последно време, се` повеќе возрасни се зафаќаат со оваа активност, токму од таа причина.

Во нејзиното уметничко студио, Трина Луцидо е опкружена со различни видови на фломастери, боички и цртежи. Таа креира боенки, но не за деца. Таа прави боенки за возрасни а инспирацијата ја црпи од секаде наоколу.

Последното издание на боенката за возрасни на Луцидо е наречено „Бои, пишувај, создавај“ . Има 40 страници на рачно изработени цртежи на цвеќиња, птици и геометриски фигури и линии на кои може да се пишува.

Идеја на Луцидо за овие боенки за возрасни е да се инспирираат луѓето да бидат креативни.

Боенките одлично се продаваат. Ги купуваат луѓе кои сакаат да им олеснат на болни или на свои блиски кои минуваат низ тешки времиња.

Чувството е дека боењето помага, вели таа.

Во декември минатата година, пет од десетте најдобро продавани книги во САД беа токму овие боенки за возрасни.

Експертка за бизнис и маркетинг Хилари Татерсал вели дека очекува овој бизнис уште да расте до размери на масовно производство. Ваквите книги веќе ги има во локални продавници, каде возрасни се повеќе од среќни да седнат и некое време – да бојат.

XS
SM
MD
LG