Линкови за пристапност

Ветеран на НБА влезе во игра како прв отворено хомосексуален играч


Џејсон Колинс играше во неделата за Бруклин Нетс за прв пат откако изјави дека е хомосексуалец на крајот на минатата сезона

Џејсон Колинс направи историја во американскиот спорт во неделат кога стана првиот активен отворено хомосексуален играч во Националната кошаркарска асоцијација.

Триесет и петгодишниот Колинс играше неколку минути како замена за Бруклин Нетс во неделата против домаќинот Лос Анџелес Лејкерсс, неколку часа откако потпиша 10-дневен договор со организацијата. Тоа беше прва игра на Колинс по минатата сезона кога беше член на Вашингтон Визардс.

Двесте и тринаесет сантиметри високиот Колинс направи наслови минатата година кога ја откри својата хомосексуалност по 12 сезони активно играње за НБА, вклучувајќи неколку сезони со Нетс кога тие беа лоцирани во Њу Џерси. Генералниот менаџер на Нетс, Били Кинг, кажа дека одлуката за потпишување на Колинс била „стриктно кошаркарска одлука“.

Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека бил „горд што неговата лига потпомага инклузивност и средина на почитување“.
XS
SM
MD
LG