Републиканскиот конгресмен Крис Колинс, долгогодишен поддржувач на претседателот Доналд Трамп вели дека федералните обвинија за недозволено тргување со акции се без основа, и дека тој ќе ја побара довербата од гласачите на изборите во ноември.
Колинс издаде соопштение со цел да го подобри нарушениот имиџ.
Обвиненијата против Колинс за незаконски акти се однесуваат на тоа дека тој добил доверливи информации и ги користел од позиција на инвеститор за да продаде или купи акции од австралиската компанија за биотехнологија, „Имунотерапеутикс.“ Овие информации му овозможиле да оствари голем профит, или да избегне загуба.
Истражителите велат дека синот на Колинс и останати лица избегнале загуба од 770 илјади долари, продавајќи ги нивните акции. Тие биле известени од конгресменот дека развојот на новиот лек за третман на мултиплекс склероза бил „целосно промашување.“
Од компанијата со седиште во Сиднеј, Австралија велат дека целосно соработуваат со истрагата, и дека директорите не се под истрага.
Facebook Forum