Линкови за пристапност

Америка и реакцијата на почетоците на тероризмот


Во нова книга поранешен командант на „УСС Кол“ ја критикува администрацијата на САД.

На 12-ти октомври, 2000-та година носачот на авиони „УСС Кол“ на чело со командантот Кирк Липолд застанал за гориво во она што се очекувало да биде рутинска станица на пристаништето Аден.

Липолд вели дека бил на неговата работна маса кога бомбашите самоубијци извршиле напад од едната страна на бродот.

Липолд неодамна објави и книга со наслов „Во преден план: Напад на Ал Каида на УСС Кол“, токму во време кога наводниот осмислувач на нападот Абд ал Рахим ал-Нашири се соочува со обвиненија за убиство и тероризам пред воениот трибунал Гвантанамо на Куба.

Липолд смета дека случајот нема да биде решен наскоро.

Во книгата се вклучени долги описи на штетата причинета од експлозијата, херојската реакција на екипажот да се спаси бродот од тонење, како и мачното извлекување на мртвите морнари.

Липолд критикува заради фактот што САД не одговориле со воена сила по нападот.

„За мене клучната лекција како нација по инцидентот е што не можете да дозволите Американци да бидат убивани во странство од терористи и да не одговорите на тоа. За кој и да го сторил тоа, ќе значи дека ние сме слаби и не сме подготвени да го браниме нашиот народ и нашите национални интереси.“

На дискусија по повод објавувањето на книгата во фондацијата Херитиџ, Липолд изјави дека несподелување на разунавачките податоци придонело да трагедијата.

Овој автор додава дека САД не успеале да го препознаат бомбашкиот напад врз носачот на авиони какопредупредувачки знак за терористичките напади што уследија по неполна година.

Нападот врз бродот бил засенет од нападите на 11-ти септември 2001-та, додава авторот.

Липолд кажа дека се надева оти неговата книга ќе стави акцент на критичен настан во војната на САД против Ал Каида.
XS
SM
MD
LG