Линкови за пристапност

Коен: Трамп никогаш не очекуваше да победи на изборите


Поранешниот адвокат на претседателот на САД рече дека сведочи за да ја каже вистината за него

Трамп нема желба ниту намера да ја води оваа нација, рече поранешниот адвокат Мајкл Коен, на сведочењето во Конгресот, кое е во тек.

Тој истакна дека е тука за да ја каже вистината за Трамп, нагласувајќи дека Трамп станал најлоша верзија на себе.

Тој додаде дека Трамп знаел за објавувањето на хакираните електронски пораки на Националната комија на Демократската партија пред време, додавајќи дека советникот на неговата кампања Роџер Стоун контактирал со Џулијан Асанж од Викиликс.

Тој и` приложи на Комисијата и тригодишен извештај за финансиското работење на Трамп.

Тој нагласи и дека Трамп никогаш не очекувал да победи на изборите, и оти неговата кандидатура ја гледал како можност за маркетинг.

„Јас лажев, но, не сум лажливец“, рече Коен, порачувајќи му на Трамп дека повеќе нема да му ги средува работите.

Коен потенцираше дека ништо не можело да помине во организацијата на Трамп без одобрување на претседателот.

Тој призна дека грешел, за што презел одговорност и за што ќе оди во затвор.

„Во разговорите што ги имавме за време на кампањата, додека истовремено активно преговарав во Русија за него, ќе ме погледнеше во очи и ќе ми речеше нема бизнис со Русија, и потоа ќе излезеше пред американските граѓани и ќе го речеше истото. На некој начин, ми велеше да лажам“, рече Коен, додавајќи дека Трамп знаел и ги нарачал преговорите со Москва, и оти лажел за нив.

„Тој лажеше бидејќи никогаш не очекуваше да победи на изборите. Лажеше и бидејќи сакаше да направи проект во Москва од стотици милиони долари“, рече тој.

Сведочењето продолжува утре.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG