Американците сакаат кафе. Повеќе од половината од нив пијат најмалку по една шолја дневно, а компании како Старбакс и Карибу изгледа дека имаат продавница на секоја улица низ цела држава.
Со години, адвокатот Дејвид Стар печел кафе во неговата гаража. Тој вели дека има нешто кај свежо печеното кафе што ги тера луѓето да пијат уште повеќе.
Еми Стар вели дека тој факт ги охрабрил да започнат свој бизнис со кафе.
„Идејата беше да го продаваме на зелените пазари. Завршивме како трговска локација“, вели таа.
Тие го печат кафето користејќи компјутеризирана печка на инфрацрвени зраци, што прави да имаат постојан квалитет.
А зрната доаѓаат различни региони во светот. Дејвид Стар вели, некои се добри такви какви што се, други се добри кога се измешани.
Нивни муштерии се главно жители од населбата.
„Имаме муштерии од Етиопија, на пример, тие купуваат зелени зрна кафе, што дома ги печат. Ретко се наоѓаат зелени зрна, а ние ги имаме, и нашите лојални муштерии го шират тоа“, вели Еми Стар.
Нил МекКонел е редовен муштерија. Тој вели дека доаѓа овде на час или два, пие кафе и чита весник, решава крстозбор... Потоа е подготвен за остатокот на денот.
МекКонел вели дека атмосферата посебно му се допаѓа, зашто кафулето излага трудови на локални уметници. Еми Стар вели дека тоа сакале да го постигнат – нешто што ќе ги разликува од ваквите места во сопственост на големи компании.