Линкови за пристапност

Сослушување на офицерот осомничен за планирање атентати


Полицијата го уапси Кристофер Пол Хасон откако во неговиот стан беше пронајдена поголема количина на оружје, муниција и дрога. Истражителите пронашле и листа на либерални политичари кои Хасон наводно ги издвоил за атентат

Офицер на американската крајбрежна стража ќе биде изведен пред судот денеска, откако против него е покренато обвинение дека складирал оружје заради домашен тероризам и масовни убиства.

Полицијата го уапси Кристофер Пол Хасон минатата недела по обвинение за поседување дрога и оружје откако во неговиот стан во предградие на Вашингтон беше пронајдена поголема количина на оружје, муниција и дрога.

Истражителите исто така пронашле документи во кои Хасон наводно повикувал на „фокусирано насилство“ и посакувал „воспоставување на бела татковина“.

Истражителите пронашле и листа на либерални политичари кои Хасон наводно ги издвоил за атентат, вклучувајќи ги и спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Чак Шумер.

На листата исто така имало и лица од кабелска телевизија.

Се очекува федералните обвинители на сослушувањето да расправаат и за кауција за Хасон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG