Линкови за пристапност

Одбиена кауцијата за американскиот офицер кој планирал терористички напад


Офицерот на американската крајбрежна стража кој наводно планирал да изврши терористички напад во САД ќе остане во притвор најмалку уште две недели.

Судијата од сојузната држава Мериленд вчера ја отфрли можноста за кауцијата на Кристофер Пол Хасон, а обвинителите размислуваат за дополнителни обвиненија против него.

Полицијата го уапси Хасон минатата недела под обвинение за поседување оружје и наркотични средства.

Истражителите откриле дека Хасон наводно планирал да изврши „убиство на невини политичари и на една телевизиска личност.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG