Линкови за пристапност

Последен ден на Хилари Клинтон како државна секретарка на САД


Американската државна секретарка Хилари Клинтон во петок заминува од функцијата, а ќе ја замени сенаторот Џон Кери, кој треба да даде заклетва на истата.

Клинтон планира да се обрати пред вработените на Стејт департментот во петок попладне, пред да замине од местото. На приватна церемонија Кери ќе даде заклетва како втор државен секретар во администрацијата на Обама.

На неговиот распит за потврдување, идниот поранешен сенатор од Масачусетс на колегите им кажа дека верува оти Клинтон поставила висок стандард со „неуморниот напор“. Од нејзина страна Клинтон кажа дека му се радува на новото поглавје во нејзиниот живот.

Иако не потврди дали повторно ќе се кандидира за претседател, има широка шпекулација дека таа ќе биде кандидат во 2016-та, како што беше во 2008-ма, кога ја загуби номинацијата на Демократската партија од Барак Обама.

Кери ќе биде 68-от американски државен секретар откако првиот претседател на нацијата Џорџ Вашингтон го именува Томас Џеферсон на местото во 1789. Џеферсон ја презеде претседателската функција осум години подоцна.

Кери официјално започнува со работа во понеделник.
XS
SM
MD
LG