Линкови за пристапност

Хилари Клинтон и трагата што ја остави на надворешната политика на САД


Според истражување на организацијата Галуп, за светот Клинтон е најобожувана жена. Дали ќе се кандидира за претседател во 2016?

Хилари Клинтон заминува од Стејт департментот како најобожувана жена во светот, работејќи на повторна изградба на односите нарушени со војните во Авганистан и Ирак, во исто време базирајќи се на американските интереси во азискиот Пацифик. Но таа вели дека каузата на нејзиниот живот е жените да добијат во моќ:

„Будалестo e да се обидете да градите силна економија или стабилна демократија додека има закана над половина од популацијата како за граѓани од втора класа во најдобар случај, а во најлош како суштества од друг вид. Па, сепак, во премногу места токму така се третираат жените. Тие имаат малку или немаат политички права. Тие се подложени на страшно насилство. Нивното здравје, па дури и нивниот живот, не се важни.“

Заменик директорот на Хјуман рајтс воч од Вашингтон, Сара Маргон, вели дека Клинтон ги ставила правата на жените во центарот на надворешната политика:

„Нејзината волја и нејзината ревносност за среќавање со групи од граѓанското општество е реална индикација дека надворешната политика не е само за односите влада со влада. Таа е за ангажирање на различни видови групи.“

Во суб-сахарска Африка, аналитичарката од Центарот за стратегиски и меѓународни студии Џенифер Кук вели дека Клинтон притискала за одговорност за злоставување на жените во Демократска република Конго.

„Таа напушта голема работа во дипломатијата, дали тоа е Кенија, Брегот на слонова коска или Сенегал, или пак справување со овие големи прашања во Конго.“

Но Клинтон има и критичари. Во случајот на Сирија таа беше критикувана дека не прави доволно да им помогне на противниците на претседателот Башар ал-Асад.
Таа исто така привлече критикување за безбедносни пропусти во Либија, во американската мисија во Бенгази, каде четворица Американци беа убиени во терористички напад минатиот септември.

„Секако дека губењето американски животи во Бенгази е нешто за кое многу жалам, и силно работам такво нешто да не се повтори. Кога сте на таква работа, треба да разберете дека не може да контролирате се`.“

Аналитичарот од Като институтот, Мало Иносент, вели дека времето на Клинтон во Стејт департментот би било добро за неа доколку таа по втор пат се кандидира за претседател.

„Како стручњаци за надворешна политика ние секако можеме да анализираме се`, но мнозинството од американскиот народ вели дека нејзиниот учинок е импресивен. Тоа се разбира дека би било од помош во 2016-та.“

Откако ја загуби партиската номинација во 2008-ма, Клинтон вели дека нема да се кандидира повторно.

„Јас ќе донесам одлука за мојата иднина. Во моментов не сакам тоа да го направам, но ќе направам се` жените да можат да се натпреваруваат на највисоко ниво, не само во САД туку и во цел свет.“

Клинтон се шегува дека прва работа што ќе направи откако ќе го напушти Вашингтон е да – спие, по 20 години депривација.
XS
SM
MD
LG