Линкови за пристапност

Хилари Клинтон пуштена од болница


Американската државна секретарка е пуштена од њујоршката болница каде се опоравуваше од згрутчување на крвта во главата.

Клинтон ја напушти њујоршката презвитеријанска болница во средата навечер со нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, и нивната ќерка Челси.

Лекарите велат дека се убедени оти таа целосно ќе се опорави.

Клинтон беше примена во болница во неделата за третман по згрутчување на крвта што произлегло по стомачен вирус со кој се справувала Клинтон кон средината на декември, кога паднала и се здобила со повреда на главата.
XS
SM
MD
LG