Линкови за пристапност

Клинтон ја реафирмира американската поддршка за Косово


Американската државна секретарка кажа дека САД остануваат цврсто во поддршка на независно Косово.

За време на турнејата низ Балканот американската државна секретарка Хилари Клинтон цврсто ја повтори поддршката на Вашингтон за независно Косово.

Во среда во Приштина, таа кажа „САД остануваат цврсти за суверенитет и територијален интегритет на Косово“. Таа се осврна на тензиите што остануваат меѓу етнички-албанската косовска влада и српската влада, која не ја признава декларацијата на Косово за независност, од 2008-ма.

Клинтон исто така кажа дека САД сакаат да видат примена на владеење на правото низ цело Косово, кое е оптоварено со проблеми на корупција и конкурентни интереси на етничките Срби и етничките Албанци.

Во вторникот во Белгад Клинтон ги поттикна српските лидери да се придвижат кон разговори со Косово, нагласувајќи дека таков дијалог не бара признавање на независноста на поранешната покраина.

Европската унија исто така го поттикнува Белград да ги нормализира односите со Косово.
XS
SM
MD
LG