Линкови за пристапност

Клинтон ја започна турнејата на Балканот


Прва станица е Сараево, каде таа заедно со Кетрин Аштон од ЕУ ќе се сретне со босанското државно раководство.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја започна турнејата чија цел е да промовира економски и демократски реформи во регионот обележан со етнички тензии.

Доцна во понеделникот Клинтон пристигна во Сараево, каде заедно со шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Аштон ќе се сретне со членови на босанското претседателство на дискусии по прашања за раководењето, водењето на буџетот и сопственоста на државниот имот.

Подоцна во вторник дипломатското дуо ќе отпатува за Белград, од каде ќе продолжи до косовскиот главен град Приштина.
XS
SM
MD
LG