Линкови за пристапност

Клинтон во Израел


Мировниот процес и регионални прашања се тема на разговорите на американската државна секретарка.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон се среќава со израелски и палестински претставници во понеделник за разговори фокусирани на нивниот мировен процес, како и ситуацијата во Египет, Сирија и Иран.

Клинтон се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас на почетокот на речиси двонеделното патување. Таа сака да ги продолжи разговорите со израелските лидери за писмата што двете страни неодамна ги разменија додека мировниот процес продолжува без директни разговори.

Известувачот на Гласот на Америка, кој патува со Клинтон вели дека висок претставник на Стејт департментот на новинарите им кажал дека администрацијата на Обама мора да продолжи да работи кон постигнување договор.

Клинтон замина за Ерусалим од Египет, каде разговараше за американската економска помош со претседателот Мохамед Морси.
XS
SM
MD
LG