Линкови за пристапност

Клинтон го уверува Израел во непоколебливото пријателство од САД


Клинтон го уверува Израел во непоколебливото пријателство од САД
Клинтон го уверува Израел во непоколебливото пријателство од САД

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го уверува Израел дека определбата на САД за безбедноста и иднината на земјата е „цврста како камен“

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го уверува Израел дека определбата на САД за безбедноста и иднината на земјата е „цврста како камен“.

Клинтон ќе има обраќање во Вашингтон, на годишната конференција на влијателна про-израелска лоби-група, Американско-израелска комисија за односи со јавноста. Делови од говорот на Клинтон беа однапред објавени.

На конвенцијата ќе зборува и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху. Неговата средба со Клинтон се очекува да ги намали тензиите настанати по израелската одлука за изградба на 1.600 нови домови за еврејските доселеници во Источен Ерусалим.

Израел го соопшти овој план порано месецов, за време на посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Израел, чекор што админисрацијата на Обама го нарече „навреда“.

XS
SM
MD
LG