Линкови за пристапност

Клинтон: САД се залагаат за строги санкции спрема Иран


Во говорот пред влијателна про-израелска група во понеделникот, Клинтон истакна и дека целта на администрацијата на Обама не е да воведе „дополнителни санкции“ спрема Иран.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека Вашингтон нема да прифати нуклеарен Иран и се залага за изготвување на нови санкции против оваа земја што би „гризеле“ доколку има обиди за набавка на нуклеарно оружје.

Во говорот пред влијателна про-израелска група во понеделникот, Клинтон истакна и дека целта на администрацијата на Обама не е да воведе „дополнителни санкции“ спрема Иран.

Таа вели дека Вашингтон се залага за нови санкции што на иранските лидери ќе им покажат дека има „последици“ за, како што ја нарекува нивната „тврдоглавост“.

Вашингтон и неговите европски сојузници се залагаат Советот за безбедност на ОН да усвои четврта рунда санкции спрема Иран, заради продолужувањето на активностите за збогатување на ураниум и покрај повиците на ОН за прекин на овие активности. Тие го обвинуваат Иран за обид да произведе нуклеарно оружје, што Иран го порекнува.

Кина одбива да поддржи дополнителни санкции и може да го блокира нивното изгласување со употреба на правото на вето.

XS
SM
MD
LG