Економијата се очекува да биде во фокусот на претседателската кампања оваа недела, а двајцата кандидати подготвуваат големи говори за нивните планови за државата, доколку бидат избрани за претседател.
Републиканецот Доналд Трамп ќе зборува денес во Детроит, а демократката Хилари Клинтон ќе се појави во петок во истиот град, кој важи за центар на американската автомобилска индустрија.
Плановите на Трамп се очекува да вклучат големо намалување на даноците за индустријата и за бизнисот, како и обновување на договорите за трговија кои, вели тој, ќе отворат многу можности за државите како Кина и Мексико.
Клинтон, пак, најави дека ќе има има најголема програма за отворање работни места од Втората светска војна, со фокус на обновување на инфраструктурата – патиштата, мостовите и аеродромите.