Линкови за пристапност

Клинтон и Трамп со планови за имиграциона политика


Нивните кампањи ветуваат примена на актуелните закони, изготвување на нови и можни измени на Уставот

Хилари Клинтон и Доналд Трамп претставија мошне различни планови за имиграционата политика на САД. Нивните кампањи ветуваат примена на актуелните закони, изготвување на нови и можни измени на Уставот.

Едно од најгорливите прашања е како да се постапи по околу 11-те милиони лица коишто во земјата престојуваат илегално. Демократката Клинтон вели дека еден од нејзините приоритети ќе биде имиграциона реформа што ќе вклучи процедура за добивање на целосно државјанство, на што републиканецот Трамп се противи.

Тој најави дека негов приоритет ќе биде итна депортација на недокуметираните имигранти – сторители на криминални дела. Клинтон по ова прашање истапи со сличен став.

Според актуелниот закон, секое дете родено во САД, дури и доколку еден или двајцата родители се со нерегулиран престој, автоматски станува американски државјанин. Републиканецот Трамп се залага за ставање крај на таа политика, нарекувајќи ја, цитираме, најголем магнет за илегална имиграција. Клинтон порача дека таквиот чекор би водел, цитираме, во погрешна насока.

XS
SM
MD
LG