Линкови за пристапност

Реакции на Клинтон и Трамп за нападите во Франција


Претседателските кандидати рекоа дека САД се во војна со радикалните терористи на Исламската држава

Хилари Клинтон и Доналд Трамп - двајцата главни претседателски кандидати, реагирајќи на терористичките напади во Франција, рекоа дека САД се во војна со радикалните терористи на Исламската држава.

Републиканскиот кандидат истакна дека САД треба да бидат строги со терористите, и доколку биде избран за претседател, од Конгресот ќе побара официјална декларација за поведување војна против Исламската држава. Клинтон повика на претпазливост и на подобро собирање на разузнавачки информации за терористите.

Клинтон за ТВ-мрежата Си-Ен-Ен изјави:

„Мислам дека е јасно дека сме во војна со овие терористички групи и она што тие го претставуваат. Ова е различен вид на војна и треба да бидеме паметни како ќе ја водиме и добиеме. Сметам дека треба да го разгледаме секој пристап што стои на располагање, и да го сториме токму тоа.“, рече таа.

XS
SM
MD
LG