Линкови за пристапност

Клинтон се враќа на кампањската патека


Доналд Трамп дискутира за неговото здравје

Демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон денеска ја продолжува кампањата, по неколку дена опоравување од пневмонија.

Нејзината болест стана јавна, откако го напушти настанот за 11-ти септември во Њујорк.

Во писмото објавено во средата од нејзината кампања, лекарот на Клинтон вели дека поранешната државна секретарка „заздравува со антибиотици и одмор“.

Состојбата на Клинтон, покрена прашања и за здравјето на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, барајќи од него да ги објави лекарските извештаи.

Тој се појави на популарното телевизско шоу „Доктор Оз“, каде го поднесе извештајот од неговиот лекар, за целосен преглед направен минатата недела.

Доктор Оз рече дека Трамп „е малку потежокЌ отколку што би било идеално.

Ако 70-годишниот Трамп победи на изборите во ноември, тој ќе биде најстариот американски претседател кој дошол на функција, додека 69-годишната Клинтон би била втора најстара претседателка.

XS
SM
MD
LG