Линкови за пристапност

Клинтон и Трамп продолжуваат со меѓусебни жестоки напади


Во фокус се мејловите што биле испраќани меѓу помошниците на Клинтон и нејзината фондација

Американските претседателски кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп се нападнаа меѓусебе околу контроверзите што ги следат и двајцата.

Конзервативната група „Чувар на судството“ објави повеќе мејлови, испратени и примени во време на мандатот на Клинтон, како државен секретар на САД.

Пораките биле разменувани меѓу Клинтоновите помошници во Стејт департментот и Фондацијата „Клинтон“, што ја води заедно со нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Трамп од Флорида рече дела мејловите ја докажуваат вмешаноста на Клинтон во таканаречената „плати за игра“.

„Откриваат лаги, измама и неискреност“, рече Трамп.

XS
SM
MD
LG