Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја повика Јужна Африка - најголемата економска сила на континентот - да игра поголема улога на глобалната сцена.
Во говорот на универзитет во Кејптаун, Клинтон ја заврши посетата на земјата во рамки на африканската турнеја со повик до студентите да го продолжат наследството на херојот во борбата против апартхејдот, Нелсон Мандела, со тоа што ќе се зафатат со предизвиците на 21-от век.
Шефицата на американската дипломатија кажа дека САД сакаат поблиска соработка со Јужна Африка во однос на развојните прашања, трговијата, инвeстирањето, мирот, безбедноста и демократијата.
„Често слушам дека за африканските проблеми требаат африкански решенија. Тука сум за да кажам дека и за некои од нашите глобални проблеми требаат африкански решенија. Малку земји на континентот може да носат толкав товар и да бидат ефикасни партнери како Јужна Африка. Вие сте демократска сила со можност да влијаете во Африка и светот“, рече Клинтон.
Наредни станици на турнејата на државната секретарка се Нигерија, Гана и Бенин, а веќе ги посети Сенегал, Уганда, Јужен Судан, Кенија и Малави.