Линкови за пристапност

Сандерс и Клинтон фокусирани на Кентаки и Орегон


И Сандерс и Клинтон се борат да дојдат до мнозинството од 2,383 делегати

Утре во Орегон и Кентаки ќе се одржат прелиминарни избори на кои сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс и поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон се борат за 74 делегати во Орегон и 61 во Кентаки.

И Сандерс и Клинтон се борат да дојдат до мнозинството од 2,383 делегати. Воочи утрешните избори, Клинтон има 1,716, а Сандерс ја има поддршката од 1.433-ца делегати од сите сојузни држави каде досега се одржаа прелиминарни избори.

Во моментов е неизвесно како ќе се произнесат стотиците таканаречени „супер делегати“, партиски претставници кои можат да се одлучат за кој било кандидат. Досега е познато дека преку 500 се изјасниле дека ќе ја поддржат Клинтон, а 40 се за Сандерс. Тој најави дека планира да остане во трката се` до финалното гласање во јуни за време на изборите во Калифорнија и Њу Џерси.

На републиканска страна, два месеца пред партиската конвенција, бизнисменот Доналд Трамп е без конкуренција и најверојатниот претседателски кандидат.

XS
SM
MD
LG