Линкови за пристапност

Утре во САД завршува циклусот на прелиминарните избори


Се гласа во најнаселената сојузна држава Калифорнија, каде се очекува тесна трка меѓу демократските кандидати

Овие избори би можеле да го одговорат единственото преостанато прашање во претседателската трка – кој ќе биде номиниран за кандидат од редовите на Демократската партија - Хилари Клинтон или Берни Сандерс.

Клинтон во неделата победи на прелиминарните избори во Порторико, а според анкетите, се очекува тесна трка во Калифорнија. И Клинтон и Сандерс очајно ја посакуваат победата, а во меѓувреме, и обајцата енергијата ја фокусираат на најверојатниот републикански кандидат, Доналд Трамп.

„Идеите на Трамп не се само различни, туку се и опасно некохерентни“, изјави поранешната државна секретарка.

„Кога немате вистински одговори на вистински проблеми, ги обвинувате луѓето„ истакна сенаторот од Вермонт Берни Сандерс. „Нема да дозволиме Трамп да не` разедини“.

Трамп возврати, критикувајќи ја употребата на приватната електронска пошта за службена коресподенција, додека била на функцијата државна секретарка и велејќи дека Клинтон треба да оди во затвор.

Според најновите пребројувања на бројот на делегатите, се очекува Клинтон да ја добие номинацијата, без оглед на исходот на утрешните избори во Калифорнија и во неколку други држави.

XS
SM
MD
LG