Демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон рече дека нема да го посети Мексико пред изборите во ноември.
Нејзиниот противкандидат Доналд Трамп беше таму минатата недела, откако мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието ги покани двајцата потенцијални идни лидери на САД да разговараат за односите меѓу соседните држави.
Клинтон за Еј-Би-Си, рече дека таа сега ќе ги насочи напорите за создавање работни места дома.
Клинтон во понеделникот ги нарече разговорите на Трамп со Пена Нието „срамен меѓународен инцидент“, и рече дека Трамп не знаел како ефективно да разговара со шеф на држава.
Таа пред поддржувачите во Охајо изјави дека нејзината админстрација би се борела за правата на работниците и нивното достоинство, и додаде дека е загрижена за наводно „мешање на руската Влада во изборите“.