Државната секретарка Хилари Клинтон во име на претседателот Барак Обама и народот на САД упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Клинтон во писмената изјава го реафирмира партнерството меѓу двете земји и вели дека празникот „не само што нуди можност за граѓаните на Македонија да погледнат назад во својата споделена историја и наследство, туку и напред, во иднина во која земјата е силна, просперитетна и разновидна демократија што е целосно интегрирана во евроатлантската заедница“.
„САД остануваат посветени на тоа да и` помогнат на Македонија да ги зајакне своите мултиетнички и демократски институции. Во соработка со Вашите лидери и граѓанското општество, ќе работиме со Вас на подобрување на образованието, на промовирање на слободата на медиумите и владеењето на правото, јакнејќи ги демократските основи што се витални за едно вибрантно, вклучувачко мултиетничко општество“, наведува шефицата на американската дипломатија .
Истакнувајќи дека САД се партнер и пријател на Македонија, Клинтон по повод 21-вата годишнина од македонската независност посака мир и просперитет на сите граѓани на земјата.