Владата во Скопје треба да знае дека не ќе може да појде напред во европската интеграција се додека не го реши прашањето за името, а Грција мора да биде подготвена да прифати како тоа ќе биде решено, кажа американската државна секретарка Хилари Клинтон во интервју за грчката ТВ-станица Скај, направено за време на нејзината посета на Атина.
САД ги поддржуваат преговорите меѓу Скопје и Атина, сметаат дека постои можност и даваат поддршка прашањето конечно да се затвори, рече Клинтон.