Американската државна секретарка Хилари Клинтон замина на турнеја низ пет источноевропски земји и кавкаскиот регион. Целта е да ги увери тамошните сојузници дека подобрувањето на американско-руските односи нема биде на нивна сметка.
Клинтон најпрво ќе ја посети Украина, каде ќе се сретне со претседателот Виктор Јанукович. Откако ја презема функцијата порано годинава, украинскиот лидер започна да применува проруска политика.
Американската државна секретарка потоа ќе замине за Полска, каде ќе се сретне со нејзиниот колега Радослав Сикорски.
Следни станици се Азербејџан и Ерменија кои се во меѓусебен спор околу регионот Нагорно-Карабах. Се очекува Клинтон да ги повика лидерите на обете земји да постигнат мирен договор за енклавата на етничките Ерменци која се борат за независност од Азербејџан.
Секретарката Клинтон ќе ја заврши турнејата низ Источна Европа и Кавказот со посетата на Грузија.