Линкови за пристапност

Клинтон: Во сечиј интерес е договор на Кина со Асоцијацијата на југоисточни азиски држави


Американската државна секретарка Хилари Клинтон го обнови повикот до Кина да се согласи на спогодба за решавање на територијалниот спор околу Јужното Кинеско Море.

На прес-конференција во Пекинг, Клинтон истакна дека е во „сечиј интерес“ Кина и Асоцијацијата на југоисточни азиски држави да постигнат договор за кодексот на однесување во водите на Јужното кинеско море. Таа воедно ги отфрли обвинувањата дека САД се обидуваат да го контролира влијанието на Кина, потенцирајќи дека Вашингтон не се залага за „нездрав натпревар“ со Пекинг.

Кинескиот министер за надворешни работи Јанг Јиечи истакна дека Кина останува отворена за решавање спорот „преку директни преговори и пријателски консултации“.

Државната секретарка се наоѓа на турнеја низ шест држави од азиско-пацифичкиот регион.
XS
SM
MD
LG