Линкови за пристапност

Клинтон го предупредува азиско-пацифичкиот регион за заканата од Северна Кореја


САД ќе изведат голема воена вежба со Јужна Кореја започнувајќи во недела во Јапонското море, што официјални лица велат дека е со намера да биде предупредување за Северна Кореја.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека Северна Кореја и Бурма претставуваат долгорочни закани за стабилноста на азиско-пацифичкиот регион.

Клинтон зборуваше денеска на почетокот на Регионалниот форум во Ханој. Таа ја опиша Северна Кореја како „изолиран“ и „воинствен“ режим ангажиран во „кампања на провокативно, опасно однесување“.

За време на посетата на Сеул во средата, Клинтон објави нов пакет на американски санкции против Пјонгјанг, по потопувањето на јужнокорејскиот воен брод во март кога загинаа 46 морнари. Северна Кореја негираше секаква одговорност за потонувањето на Чеонан.

На форумот од 27 членки Клинтон кажа дека мирот нема да дојде на Корејскиот полуостров доколку Северна Кореја „фундаментално не го промени своето однесување“.

САД ќе изведат голема воена вежба со Јужна Кореја започнувајќи во недела во Јапонското море, што официјални лица велат дека е со намера да биде предупредување за Северна Кореја. Портпарол за Северна Кореја кажа дека Пјонгјанг ќе направи „физички одговор“ доколку се одржи заедничката вежба.

XS
SM
MD
LG