Линкови за пристапност

Клинтон ја осуди Северна Кореја во Токио


Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја осуди Северна Кореја за потопувањето на јужнокорејски борбен брод и кажа дека оваа осамотена држава мора да се соочи со последици.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја осуди Северна Кореја за потопувањето на јужнокорејски борбен брод и кажа дека оваа осамотена држава мора да се соочи со последици.

Клинтон го осуди инцидентот на заедничка прес конференција во петок со јапонскиот Министер за надворешни работи Кацуја Окада во Токио, на почетокот на турнејата низ три држави на Источна Азија. Таа рече дека тоа е „акт на агресија“ и дека САД се консултираат со Јапонија, Кина и Јужна Кореја за потопувањето на бродот.

Клинтон зборуваше и за 50-годишната алијанса меѓу Вашингтон и Токио, нарекувајќи ја „есенцијална“ за одговарање на предизвиците на иднината.

XS
SM
MD
LG