Линкови за пристапност

Клинтон заминува на азиска турнеја


Клинтон заминува на азиска турнеја
Клинтон заминува на азиска турнеја

Покрај Кина, Виетнам и Хаваи, американската државна секретарка ќе ги посети Камбоџа, Малезија, Папуа Нова Гвинеја, Нов Зеланд и Австралија.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ќе посети седум држави на двонеделна азиска турнеја што започнува во среда, но една од нив – Кина – ќе доминира над другите.

Главниот дел на турнејата ќе бидат овонеделните средби во Виетнам на Асоцијацијата на југоисточните азиски нации и поголемиот Источно-азиски самит. Претходните средби на организацијата, што се одржаа годинава, беа преокупирани со територијални несогласувања меѓу Кина и нејзините соседи во врска со островите во Јужнокинеското море.

Територијалните проблеми во Источнокинеското море меѓу Кина и Јапонија се очекува да бидат во фокусот на нејзината прва станица – во Хаваи на средба со јапонскиот министер за надворешни работи Сеији Маехара.

Во последен момент на патувањето на Клинтон се додадени разговори на кинескиот остров Хаинан со висок претставник пред државничката посета на на Вашингтон во јануари на кинескиот претседател Ху Џинтао.

Други застанувања Клинтон ќе има во Камбоџа, Малезија, Папуа Нова Гвинеја, Нов Зеланд и Австралија. Се очекува да се дискутира за кинеската моќ во растеж.

XS
SM
MD
LG