Линкови за пристапност

Бил Клинтон ги поттикнува светските лидери и приватните фирми да постапат по глобалните предизвици


Бил Клинтон ги поттикнува светските лидери и приватните фирми да постапат по глобалните предизвици
Бил Клинтон ги поттикнува светските лидери и приватните фирми да постапат по глобалните предизвици

Клинтон рече дека приватниот сектор и владите можат да соработуваат за да го забрзаат светскиот економски развој

Поранешниот претседател Бил Клинтон ги поттикна светските лидери и приватните компании да направат „нови и мерливи“ финансиски определби за да помогнат во решавање на глобалните предизвици.

Зборувајќи во вторник во Њујорк на годишната средба на неговата Клинтонова глобална иницијатива, Клинтон рече дека приватниот сектор и владите можат да соработуваат за да го забрзаат светскиот економски развој.

Тој објави нови проекти за помош на Хаити, каде што порано годинава имаше катастрофален земјотрес, и за Пакистан заради поплавите, како и за делови од американското крајбрежје на Мексиканскиот залив што се опоравува од масивниот излив на нафта и ефектите на Ураганот Катрина од пред пет години.

Клинтон кажа дека членови на неговата иницијатива ветиле 224 милиони долари за Хаити по тамошниот земјотрес во јануари.

Клинтон зборуваше на првата сесија на тридневната средба на Клинтоновата глобална иницијатива, форум што тој го креираше за охрабрување на лидерите од влади, бизниси, академци и од други полиња да придонесуваат за глобални каузи. Тој рече дека потфатот има позитивно влијание на близу 300 милиони луѓе откако е лансиран во 2005.

Светските лидери и филантропи на форумот ќе идентификуваат критични области за акција и колаборација во сектори како образование, животна средина, глобално здравје и економија. Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама се очекува да се обратат на средбата во четврток.

XS
SM
MD
LG