Линкови за пристапност

Глобалното затоплување да се ограничи на 1,5 Целзиусови степени во споредба со прединдустриското ниво, рече ОН


Преговорите меѓу речиси 200 држави за намалување на ефектите од климатските промени се` уште траат во Глазгов

Обединетите нации објавија нацрт-документ со кој ги повикаа државите да ги зголемат активностите за справување со климатските промени за да можат да ги исполнат преземените обврски до 2030 година. Преговорите меѓу речиси 200 држави се` уште траат во Глазгов.

Новиот документ предвидува да се почитува Парискиот договор од 2015 година, со кој државите се обврзаа да го ограничат глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени во споредба со прединдустриското ниво.

Извештајот нагласува и дека емисиите треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, како и државите постепено да ја стопираат употребата на јагленот и финансирањето на фосилните горива.

ОН ги повикаа развиените држави да ја зголемат поддршката за посиромашните земји со цел да им помогнат во справувањето со ефектите од климатските промени.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG